Ете, тоа е КРАЛСКИ клуб. Тоа е најславниот клуб во светот на фудбалот. Тоа е Реал Мадрид.
Имено како што информираат од страна на “кралевите“, клубот ќе донира еден милион евра за украинските бегалци. Таа сума ќе биде само како почеток, за да во наредните денови се основа фондација која треба да им помогне на несреќните лица кои мораа да побегнат од воините жаришта во својата земја по агресијата на Русија врз Украина.
Колку за потсетување, резервниот голман на “кралевите“ – Андреј Лунин е Украинец.
Сигурно е дека по оваа информација тој е многу горд на својот тим.