Јувентус е елиминиран од Лигата на шампиони уште во првата нокаут фаза, и тоа со домашен поразен (0-3) од Виљареал, откако првиот меч заврши без победник 1-1. Сепак, тренерот на Јувентус, Макс Алегри по овој дуел ги фалеше своите момци, додека успехот на противникот го минимализираше.
„До 75. минута бевме подобра екипа, во првото полувреме имавме многу шанси. Додека во вториот дел Виљареал играше онака како што секогаш тоа го прави, сите играчи беа позади топката и се бранеа. Ова е фудбалер и Лига на шампиони. На моите момци не можам да им замерам ништо“, изјави тренер кој трета сезона по ред е елиминиран во осминафиналето во Лигата на шампиони.