Централен бек на Палас ќе дебитира за Англија, во „аут“ се Рашфорд, Санчо, Вокер

200

Младиот централен бек на Кристал Палас Марк Гуехи го доби првиот повик за настап во националниот тим на Англија. Тренерот Герет Саутгејт одлучи да го повика овој 21-годишен екс-фудбалер на Челзи кој од оваа година игра за Палас.
Напаѓачите на Манчестер Јунајтед Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо не се на списокот од 25 играчи за настап на контролните натпревари со Швајцарија и БС Коска на 26 и 29 март.
Централниот бек на Арсенал Бен Вајт се враќа во составот, но сега надвор од комбинација е Кајл Вокер. На десната бековска позиција се Александар-Арнолд и Рис Џејмс.

ПретходноПСЖ „пука по шавови“…. навивачите го „бркаа“ Курзава кој едвај се спаси (ВИДЕО)
СледноДешамп повика 29-годишен дебитант во селекцијата на Франција