Бесмир Бојку: Струга ТЛ се надева на победа против лидерот!

156

Утре со натпреварот во Струга меѓу Струга Трим Лум и Шкупи, започнува 24.коло во тековната сезона во ПМФЛ. Сите останати мечеви се играат во сабота.

Јасно е дека пред Струга ТЛ, инаку мечот започнува во 15 часот, е голем предизвик, лидерот игра во супер форма, но сепак домашниот состав има право да се надева на добар резултат.

Секако дека ќе биде тежок натпревар. Играме со еден навистина силен тим кој е во голема форма во домашниот шампионат. Во текот на изминатите денови ги анализиравме нивните силни странии се надевам дека успешно ќе ги спречиме. Исто така се надевам дека ќе излеземе како победници од овој меч“ изјави играчот за врска на Струга ТЛ, Бесмир Бојку.

ПретходноФФМ и ФУСМ го започнаа проектот „Фудбал во Училиштата”
СледноЛазаров му ја предаде капитенската лента на Стоилов!