Со голот на Ајвоби во 99. минута, екипата на Евертон извојува голема и значајна победа над Њукасл со 1:0. Вечерва во драматичниот заостанат меч од 20. коло, Евертон пред своја публика на „Гудисон Парк“ ја обезбеди само седмата сезонска победа, која засега го остава над трите места кои водат во Чемпионшип лигата.
CALVERT LEWIN IS A BALLER MAN, class goal from Iwobi too pic.twitter.com/uU7i3JTDkH
— CJ (@CityyCJ) March 17, 2022
Самиот меч имаше повеќе драматични моменти, но освен за домашната победа уште долго ќе се зборува за моментот на стартот на второто полувреме, кога еден домашен навивач влета на теренот и се врза за една од стативите на голот.