Тренерот на Евертон, Френк Лампард, ја скршил раката додека го прославуваше победничкиот гол на тимот на синоќешниот заостанат меч од Премиерлигата против Њукасл со 1-0.
„Не знам, го направив тоа додека славев гол. Мислам дека само удрив нешто. По две минути сфатив дека раката ми трепери и ме боли. Но, не ми е криво, поради трите бода. Уште колку скршеници сум подготвен да направам пред крајот на сезоната? Можеби по една на натпревар. Овој натпревар беше посебен, а пред неколку недели не ни изгледаше така“, изјавил Лампард.
Frank Lampard is BUZZING!
He knows how important that goal could be! 🔵#EVENEW #PLonPrime pic.twitter.com/qiXEqHQVDs
— Amazon Prime Video Sport (@primevideosport) March 17, 2022