Предмалку во седиштето на УЕФА беа извечени двојки за следната рунда од најелтиното фудбалско натпреварување во светот, Лигата на Шампионите. Мечевите од 1/4 рудна се играат на 5 и 6 април односно 12 и 13 април, а секако ждрепката сакаше во ова коло да има два сериозни дуели.
Во прв ред е оној во кој актуелниот освојувач на титулата во ЛШ,тимот на Челзи ќе се сретне со Реал Мадрид, додека пак во второто дерби, тимот на Манчестер Сити го пречекува Атлетико Мадрид. Најголемото изненадување, тимот на Виљареал ќе се сретне со Баерн Минхен, додека пак Бенфика ќе го пречека Ливерпул.
Победникот од дуелот Сити – Атлетико Мадрид во полуфиналето ќе се сретне со победникот од дуелот Челзи – Реал Мадрид. Со ждрепката исто така, победникот од дуелот Бенфика – Ливерпул ќе биде домаќин на првиот меч во полуфиналето и ќе оди на победникот од мечот Виљареал – Баерн Минхен.
На 28 мај се игра големото финале во Париз на стадионот Сент Дени.
Двојки 1/4 финале
Челзи – Реал Мадрид
Манчестер Сити – Атлетико Мадрид
Виљареал – Баерн Минхен
Бенфика – Ливерпул