Има три официјални понуди за купување на Челзи, една е од Себастијан Коу

265

Има три понуди за купување на англискиот фудбалски клуб Челзи, објави денеска Ројтерс. Тие се од британскиот градежен претприемач Ник Кенди, сопствениците на американскиот бејзбол тим Чикаго Кабс и претседателот на Светската атлетика, Себастијан Коу во партнерство со конзорциум во кој е вклучен и поранешниот претседател на Ливерпул, Мартин Бротон.

Челзи е ставен на продажба поради санкциите против рускиот олигарх Роман Абрачович, кои следеа по воените дејствија во Украина. Понудата на конзорциумот од Република Кореја, кој ги обединува корејските компании Hana Financial Investment Company Limited и C&P Sports Limited, има понуда вредна 2,64 милијарди долари, но истата не е официјализирана.

ПретходноСтоле пред дербито со Атлетико (М): Не ме плашат ни Гризман, ни Жоао Феликс
СледноХаос во САД: Го смени полот па сега растура кај жените, стана национална шампионка! (ВИДЕО)