Барселона предмалку и официално потврди дека има договор со Серхио Агуеро. Аргентинецот од Манчестер Сити денеска пристигна во Каталонија, каде веднаш постигна договор за трансфер во редовите на Барселона од јули 1, ден откако неговиот договор со Манчестер Сити ќе заврши.
Напаѓачот ќе потпише договор со Барселона на две години, заклучно со крајот на сезоната 2022/23 и ќе има раскинлива клаузула од 100 милиони евра. „Кун“ Агуеро ќе биде претставен попладнево како нов играч на Барса откако во 18 часот е закажано потпишување на договорот во претседателскиот кабинет на Лапорта. Фотосесијата е половина час подоцна, а од 19 часот е закажана и прес-конференција.
💙❤ #KunCuler
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) May 31, 2021