Милан со три бода кај Каљари со кои ита кон титулата! (ВИДЕО)

180

Милан на најдобар можен начин го искористи киксот на својот градски ривал Интер, и со трите бода вечерва кај Каљари ита кон титулата во Серија А. Вечерва Милан со 0:1 славеше на гости, и тоа со голот на Бенасер во 60.минута. Домашните во 90.минута ја погодија пречката на гостите од Милано.

Па така сега Милан има 66 бодови од 30 натпревари, Наполи има 63 бода во исто толку одиграни натпревари, додека Интер, актуелниот шампион, има само 60 бода од 29 мечеви.

Сепак се чини дека до самиот финиш на сезоната овие три екипи ќе се борат за титулата, иако реално тимот од „Сан Сиро“ е во предност.

ПретходноКаков шамар за Путин: Украина директно на СП во Катар!?
СледноСтоле и Рајо поразени од Атлетико Мадрид! (ВИДЕО)