Искусниот стопер Серхио Рамос минатото лето од Реал Мадрид премина во ПСЖ, како слободен играч. Но, работите не тргнаа како што посакуваше, имаше доста проблеми со повредите, повеќе беше надвор од терените. Токму од овие причини во последно време се повеќе се зборува за неговото незадоволство.
По елиминацијата во Лигата на шампиони од Реал Мадрид, Рамос беше еден од оние кои доби бројни критики од страна на навивачите, па медиумите веднаш објавија информација дека следната сезона ќе ги промени боите на клубот.
Сепак „L’Equipe“ тврди нешто поинаку. За разлика од Нејмар или Меси, Рамос сака да остане во ПСЖ до крајот на својот договор, односно до 2023 година. Неговата цел е да докаже дека има вредност.
Рамос оваа сезона одигра само пет меча за францускиот тим.