Обамејанг прослави како лик од цртан филм (ВИДЕО)

177

Еден од оние за кои ќе се зборува многу деновиве е Пјер Емерик Обамејанг, напаѓачот на Барселона кој синоќа со два гола беше еден од најзаслужните што каталонците ја изојуваа веројатно најважната победа во последната деценија. Го уништија Реал Мадрид на негов терен со 0:4, а токму интернационалецот од Габон постигна два гола.

И додека првиот го прослави традиционално со салто нанапред, за вториот истото го стори на малку невообичаен начин. Откако ВАР собара го потврти голот за 0:4, Обамејанг истрча до првите редови во публиката и од свој пријател „позајми“ топка.

Застана скаменет имитирајќи лик од цртаниот филм „Dragon ball Z“. Секако ова не им се допадна на домашните навивачи кои го навредуваа но тоа малку им помогна во поразот, а и габонецот сите видовме колку тоа го засегна.

ПретходноБока го „расплака“ Ривер (ВИДЕО)
СледноИ Шакира „му фаќа сеир“ на Реал Мадрид… колку заврши Ел Класико?