И го одземаа златото од ОИ и СП и ја суспендираа на две години!

513

На Елена Лашманова и го одземаа златото од Олимписките игри во Лондон 2012 година како и од Светското првенство една година подоцна. Притоа ќе и бидат избришани резултатите што ги остварила од 18. февруари 2012 до 3 јануари 2014 година. Причината е допинг. Московската лабораторија (ЛИМС) потврди дека натпреварувачката во брзо одење користела недозволени супстанции и го прекршила антидопинг правилото.
Притоа и е изречена двегодишна забрана за учество почнувајќи од 9 март 2021 година кога се појавија информациите за можен допинг скандал. Во соопштението не е наведено за која супстанција се работи.

ПретходноЛеброн со трипл дабл ги предводеше „Езерџиите“ до 31. триумф
СледноБритански милијардер ја крена понудата за Челзи и ќе ги вклучи навивачите во донесувањето на одлуки