И официјално бараж мечот меѓу Италија и Македонија на 24 март во Палермо ќе се игра пред преполни трибини на „Ренцо Барбера“.Како што и официјално од Фудбалската федерација на Италија се пофалија,“пламнал“ и последниот контигент од 5.000 билети кои биле пуштени во продажба денеска попладне. Тоа значи дека Македонија ја чека „пекол“ на “Барбера“ во Палермо, но сепак и нашите “рисови“ ќеимаат поддршка од околу 1.500 фанови.
Инаку цената на билетите за домашните фанови беа од 10 па се до 60 евра, се во зависност од местата на стадионот во Палермо. Да се надеваме дека фановите на Италија после мечот дома ќе си одат со спуштени глави, а ние ќе се радуваме.