Нејмар почна на тренинг да доаѓа пијан? За него ПСЖ е завршена приказна

2933

Бразилската ѕвезда во дресот на ПСЖ, Нејмар, очигледно заврши со парискиот тим. По дебаклот во Лигата на шампионите, навивачите најмногу се вртеа против него, кого го обвинуваат за бројните повреди и проблеми надвор од теренот.

ПСЖ пред пет години и плати на Барселона 222 милиони евра, но тој никогаш не се наметна како лидер и играч кој прави разлика на важните натпревари од Лигата на шампионите. Бразилецот ги изнервира навивачите со изјавата дека би сакал наскоро да се испроба во МЛС и дека поради големиот притисок ја губи волјата за фудбал.

Моментално однесувањето на Нејмар придонесува за ужасната атмосфера внатре во клубот и само се чека крајот на сезоната за да се исчисти соблекувалната. Даниел Риоло, новинар на „Радио Монте Карло“, тврди дека Нејмар е во лоша состојба.

„Речиси не тренира, на тренинзите пристигнува мизерно на работ на пијанство. Него веќе не го интересира ни клубот и натпреварите“, вели новинарот.

ПретходноРистоски со Ал Рајан ја освои титулата во Катар
СледноОд надежен голман на Челзи до профи ММА борец