Роберто Манчини, сегашниот селектор на Италија, има веќе две победи во својата тренерска кариера над нас, над Македонците. И тоа како стратег на Зенит од Санкт Петербург и тоа против Вардар во групната фаза во Лигата на Европа за сезоната 2017/2018.
Првиот меч во Скопје се одигра на 15 септември 2017, кога тогаш Манчини и неговиот руски тим победија со 0:5. Во Санкт Петербург се играше на 24.11.2017 кога домашниот состав победи со 2:1, се сеќавате на прекрасниот гол на Блажевски.
Од тој тим на Вардар сега против Манчини и Италија ќе играат Дарко Велковски, Боби Николов и Висар Муслиу. Се разбира дека сите тројца “горат“ за одмазда.