Елмас: Дај Боже да се пласираме на СП, а потоа ако треба на плоштад ќе направам торта! (ВИДЕО)

802

За УЕФА ТВ магазинот во пресрет на бараж мечот со Италија, а потоа се надеваме и со Португалија или Турција, за пласман на СП во Катар, свое видување имаа нашиот Дијамант Елиф Елмас и селекторот Благоја Милевски.

Прекрасно видео кое кое кажува многу за Елиф, неговите фудбалски почетоци, неговото семејство кое како што е познато се занимава со слаткарство. Тој на тоа е горд, па во еден момент изјавува – Дај Боже да се пласираме на СП во Катар, а потоа ако треба на плоштад ќе направам торта!

Инаку познато е дека поради картони Елмас нема да игра со Италија, но затоа тука ќе биде за вториот меч, без разлика дали тој ќе биде финале за пласман на СП во Катар, или за трето место во бараж – групата.

Милевски пак уверува дека се почитува Италија, се респектира актуелчниот европски првак, но и дека неговите избраници имаат шанси за триумф.

ПретходноМладите комплетни тренираа и во Белград
Следно„Фалангата“ во напад на Римското царство! (ФОТО)