Марко Верати изјави дека голманот на италијанската репрезентација и негов соиграч во ПСЖ, Џанлуиџи Донарума се извинил за неговата грешка на реванш мечот против Реал Мадрид во ЛШ.
ПСЖ загуби од мадридскиот клуб со резултат 3:1 во реваншот и беше елиминиран од Лигата на шампионите во 1/8-финалната фаза.
„Донарума се извини, се кае за грешката, но тој е посебно момче. Веќе следниот ден тој беше најзафатен со работата на тренинг. Да не заборавиме што направи за време на Европското првенство. Тој е еден од најдобрите голмани во светот“, изјави играчот за врска на парискиот клуб.