Дефанзивни дилеми: Бастони, Ачерби или можеби ќе не изненади старт на Киелини?

178

Веќе два дена во италијанските медиуи се вртат информации за можните стартни 11 на „аѕурите“ на вечерашниот дуел со Македонија. Од се она што може да се прочита, заклучокот е следен: Манчини има само една дилема – кој ќе почне на стоперските позиции?

Ако се суди според пишувањето на највлијателните италијански весници, местото на Бастони кој се најавуваше како сигурен стартер во одбраната, е најмалку сигурно. Манчини се уште не решил дали тој е решението за испразнетите места во централниот дел на одбраната по отсуствата на Бонучи и Киелини.

Манчини вчера по тренингот на италијанската репрезентација се врати во хотелот, носејќи со себе неколку сомнежи околу тоа кого треба да испрати на трибините. Бастони е фаворит пред Ачерби, но тоа не значи дека Мансио нема да го промени мислењето во последен момент. Вториот стопер кој е скоро сигурен стартер е дрфанзивецот на Рома, Џанлука Манчини. Италијанските медиуми велат дека не треба да се заборави дека Киелини утринава може да се предомисли и да реши да игра. Но, тоа треба да го направи со посебна дозвола на лекарите.

ПретходноДенес е денот Македонијо – борба за нова историја!
СледноПотсетување на Торино и тие 1:1: Трајковски знае како против Италија! (ВИДЕО)