Да ја искористиме шансата против Србија (состав)

419

Македонската репрезентација до 21. година денеска од 17:00 часот на стадионот Вождовац во Белград ќе го одигра квалификацискиот дуел против домаќинот Србија. Во обид сме да го задржиме тоа трето место во моментов во групата и да чекаме раслет на ситуацијата со Украина. Доколку оваа репрезентација се откаже од понатамошното натпрварување тогаш ние ќе имаме голема шанса да бидеме на крајот од оваа кампања втори и автоматски да играме во баражот за пласман на ЕП.

Сепак, ние најпрво мора да го одработиме денешниот натпревар на највисоко можно ниво. Селекторот Канатларовски планира да нападнеме, да не се повлечеме на овој натпревар и да не ја направиме грешката од Охрид, и првиот меч против Србија, кога некако премногу го респектиравме противникот.

Тој пак сега има нов селектор, и променета генерација, која има право да настапи и во следниот циклус.

Па така, оваа подмладена и со нов селектор Србија ќе ја нападнеме, со стандардниот Давид Денковски на голот, а во последната линија со Хајдари, Манев, Исени и Шеји.

Во средниот ред ќе бидат Фазлагиќ, Гроздановски, Сефери и Антовски, а во самиот напад Воша и Ѓорѓиевски. Ќе настапиме во формација 4 – 3 – 3.

„Секако дека сме мотивирани максимално и сакаме денеска да обезбедиме поволен резултат. Шансата која што ни се отвара во овие квалификации мора да се искористи. Србија не е ривал кој е непобедлив, знаеме со какви квалитети располагаме и тоа ќе го покажеме на терен“ – велат младите репрезенативци на Македонија.

ПретходноЕЛМАС: Ќе биде тежок натпревар, но јас верувам во моите соиграчи, шансите се 50-50!  
СледноМеси на собирот на репрезентацијата се појави во „аутфит“ вреден околу 521.827 денари (ФОТО)