Лапорта за Куман: Влеговме во фаза на размислување за неговото место во Барселона

235

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта синоќа по промоцијата на Серхио Агуеро за нов фудбалер на тимот, најави и дел од разговорите кои моментно с еводат со тренерот Роналд Куман.

„Влеговме во фаза на размислување за позицијата на Куман. Мора да процениме што помина добро, а што не минатата сезона. Ни требаше овој период на смиреност и за една недела или десет дена повторно ќе се сретнеме, но постојано сме во контакт. Преговорите течат многу добро. Беше неопходен период на размислување“, изјавил Лапорта.

Куман има договор со барселона до следното лето и доколку Барселона сака да го отпушти ќе мора да му плати отштета во висина од околу 10 милиони евра.

ПретходноВашингтон се спаси од експресна елиминација, Јута на чекор до втората рунда (ВИДЕО)
СледноОФИЦИЈАЛНО: Ерик Гарсија се врати дома, денес промоција на „Камп Ноу“