Верати: Ова е кошмар, а можевме да се бориме и за светската титула

974

Италијанскиот репрезентативец Марко Верати е растревожен по поразот од Македонија во баражот за место на СП 2022. Не успеаа да го освојат првото место во квалификациите, па мораа од другиот пат – преку баражите, а таму налетаа на храбра Македонија.

Италија која по освојувањето на европската титула се понадева и на светска доживеа срам со самото тоа што не успеа да се пласира на Мундијалот и тоа втор пат по ред.

Ова е кошмар. Имаме екипа со која можеме да се бориме за светска титула. Тешко е да се разбере тоа што се случи на Ренцо Барбера. Доминиравме на теренот и требаше да победиме. Значи, требаше да ПОБЕДИМЕ!!!“, изјави играчот за врска на ПСЖ за РАИ.

Ни требаше ран гол за да си ја олесниме работата. Но ете се случи тоа што се случи. Можевме и моравме подобро. Фудбалот понекогаш е суров. Важно е да постигнеш гол не е важно дали си доминирал и си бил подобар на теренот. Што да кажам друго, освен дека ова е кошмар“, додаде Верати.

ПретходноТрајковски ја донесе топката со која ја тресеше мрежата на Италија: Да уживаме во овој момент!
СледноПоради Ковид протоколите од УЕФА, само неколку фудбалери дојдоа во центарот на Скопје