Македонската ракометна репрезентација е на 120. минути со пласман на ново Светско првенство. Кирил Лазаров и неговите избраници во последниот бараж двомеч силите ќе ги одмерат со селекцијата на Чешка.
Првиот меч се игра на 13. април во Злин. Чешката федерација ги пушти во продажба билетите, нема да има ограничувањата на трибините, салата „Датарт“ има капацитет од 2.000 места.
Но, ниту овој пат ракометарите нема да останат без поддршка на гостински терен. Македонска Фаланга – Виена ќе патува во Злин да ги поддржи во битката за Мундијал.
Реванш дуелот се игра за четири дена во Скопје, во СЦ „Борис Трајковски“.