Во плеј офот за пласман на Мундијалот, но Африканската верзија, репрезентацијата на Египет на чело со Мохамед Салах, вечерва беше подобар од Сенегал на Садио Мане на домашен терен со минимални 1:0. Оваа предност ќе ја однесат на реваншот на гостински терен, а доколку обезбедат конечна победа и пласман на Мундијалот, тоа ќе биде слатка одмазда за поразот во финалето на Африканскиот куп.
Клучен момент на овој дуел беше автоголот на Сисо.
Камерун загуби од Алжир со 0:1 со голот на Слимани додека пак, Тунис беше подобар од Мали исто така со 1:0. Конго и Мароко одиграа 1:1, додека пак Гана и Нигерија одиграа без голови. Ниту една од сите овие репрезентации не може да каже дека со сигурност ќе патува за Катар пред реваншите.
Salah loves scoring against Mendy
— B/R Anfield (@lfc_allting) March 25, 2022