После речиси еден месец неизвесност, конечно, објавена е конечната листа на потенцијални купци на Челзи. Бројот на кандидати се намали, па на на листата останаа четири имиња кои имаат најдобри шанси да станат сопственици на лондонскиот клуб.
Како што наведуваат медиумите на Островот, американската банка Рејн соопшти дека го поминала последниот филтер. Кога се во прашање конзорциумите, првиот е предводен од американскиот и швајцарскиот бизнисмен Тод Боули и Хансјорг Вис, додека другиот го предводи легендарниот британски атлетичар Себастијан Коу, некогашниот претседател на Ливерпул Мартин Бротон, односно Џош Херис и Дејвид Блицер кои имаат акции и во Кристал Палас.
Дома Меѓународен фудбал Англија Конечната листа на потенцијални купци на Челзи се сведе на четири имиња