По низата лоши вести кои ги имаше во врска со неговото здравје, еве конечно и добра за Микел Хансен, ракометарот на ПСЖ и репрезентацијата на Данска.Имено тој е прогласен за најдобар ракометар во светот во изборот на „Хендбол Планет“. Тој собра најмногу гласови, повеќе од Алеиш Гомез (Барселона, Шпанија),Дика Мем (Барселона, Франција) и Хампус Ване (Фленсбург, Шведска).
Инаку спортскиот, а посебно ракометниот свет се шокира пред неколку денови кога беше објавено дека Микел Хансен боледува од емболија на белите дробови, и дека ќе биде надвор од терените околу шест месеци.