Со голот на Трапановски, Шкупи во пријателски натпревар ја победи Воска со 1:0. Овој меч се играше во Маџари на стадионот “Борис Трајковски“. И двете екипи, лидерот во ПМФЛ, тимот на Шкупи и второпласираниот тим во ВМФЛ – ЗАПАД, составот на Воска овој натпревар го искористија за одржување на формата во текот на репрезентативната пауза.
А тренерите Гоце Седлоски и Раде Цицмиловиќ за воигрување на своите тимови за тоа што следува во продолжението од сезоната.