Роберт Левандовски сепак следното лето може да направи трансфер. Откако каталонски Спорт вчера објави дека ќе биде нов член на Барселона, денеска Спорт Италија пишува дека полскиот фудбалер веќе има договор со шпанскиот тим.
Неофицијално, Лева и Барселона веќе се договориле, се чека тој да ја реши ситуацијата со Баерн Минхен со кого има договор до 2023 година. Доколку одлучи да го облече дресот на Барселона ќе биде голем трансфер, рамо до рамо со Халанд и Мбапе.
LEWANDOWSKI, IL BARCA CI PROVA
Come anticipato da Sportitalia da settimane, Lewandowski è l’obiettivo per l’attacco del Barcellona. Il club blaugrana ha già un principio di accordo con il polacco: da risolvere il discorso con il Bayern, con cui Lewandowski è legato fino al 2023. pic.twitter.com/KLvHG6oGoX
— Sportitalia (@tvdellosport) March 26, 2022
Претходно, каталонскиот гигант сакаше да го ангажира Хачанд, но се чини дека финансиски не можат да го издржат Норвежанецот, па се одлучи за втора опција. Левандовски ќе биде големо засилување за младиот тим на Барса.