Неуспехот во квалификациите за СП и испаѓањето во баражот од Македонија ги раздрма односите во фудбалската репрезентација на Италија. „Аѕурите“ ќе играат со Турција, а селекторот Роберто Манчини даде дозвола на шестмина да го напуштат репрезентативниот капм во Коверчано – Инсиње, Имобиле, Жоргињо, Верати, Џанлука Манчини и Берарди.
Италијанските медиуми јавуваат дека тројца од нив најверојатно ќе се опростат од репрезентацијата. „Кориере дело Спорт“ јавува дека Инсиње, Имобиле и Жоргињо одлучиле повеќе да не играат за „Аѕурите“ и да го препуштат местото на помладите играчи.