Македонската репрезентација утре го игра финалниот дуел од баражот за пласман на Мундијалот во Катар. Мечот против Португалија го играме на стадионот во Порто, популарниот Драгао со почеток од 20:45, а според последните информации кои доаѓаат од таму, на натпреварот ќе бидат присутни околу 2000 наши навивачи.
Информациите се дека толку барања се пристигнати до ФФМ за купување на билети и дека речиси ќе биде исполнет капацитетот на делот предвиден за навивачи на Македонија.
Тоа значи дека ќе ја имаме речиси истата подршка како и во Палермо, што секако е голем плус за нас. Таму нашата група иако далеку помалубројна сепак имаше и тоа како голем удел во самата атмосфера на стадионот, па нема причина да не биде така и утре на Драгао.