Младата репрезентација на Македонија до 18. години е поразена од домаќинот Португалија во второто коло од силниот меѓународен турнир ко го играме токму во оваа земја.
Избраниците на селекторот Неџат Шабани одиграа добро прво полувреме против фаворитот, успеаа и да постигнат гол. Португалија поведе со 1:0 во 15. минута преку Мерелеш. Македонија успеа брзо да одговори на водството на противникот. Гуџуфи успеа мајсторски да го погоди во 20. минута за израмнување на 1:1.
Во продолжението од мечот целосна контрола на играта и доминација на Португалија. Во 76. минута противникот успеа да го скрши нашиот отпор и преку Хусто да поведе со 2:1. На 3:1 зголеми Набијан во 86. минута. Воедно тоа беше и конечниот резултат на денешната средба.
Во првото коло, Македонија одигра нерешено, без голови против Словачка.