Георгиевски: Тешко е да се прогнозира, понекогаш пет голови предност не значат ништо!

242

Вардар 1961 имаше среќа да биде домаќин на првата осминафинална пресметка против Веспрем во Лигата на шампионите. Овој дуел е закажан за во четврток со почеток во 18:45 часот.

Унгарскиот тим е фаворит на двете средби, но македонскиот првак многу пати до сега покажал дека не признава фаворити. Веспрем е добро познат противник, а „црвено-црните“ најмногу ќе ги памети по финалето во 2019 година, кога загуби и одново остана со празни раце.

Многу работи се сменети од таа 2019 година, но борбеноста останува иста. Ракометарите на Вардар посакуваат полни трибини за да го направат големиот чекор кон 1/4 финалето.

„Веспрем е добро познат противник за нас. Ги повикам сите љубители на ракометот да дојдат во четврток, ќе ни биде потребна нивната поддршка. Се подготвуваме за оваа средба, мора да испошитуваме се што ќе работиме и ќе се договориме, колку подобро го спроведеме тоа на терен, толку ќе бидеме поблиску до победата“, изјави Гоце Георгиевски.

Македонскиот репрезентативец вели дека не може да се каже колкава разлика од првата средба би била доволна пред реваншот во Веспрем.

„Тешко да се каже. Понекогаш пет голови разлика се малку, додека еден може да биде доволно. Предност е што играме на домашен терен. Не знаеме што да очекуваме на следниот меч на гости“. 

ПретходноДавид Дејвис против екс-тимот на мегадан: Веспрем е фаворит, но Вардар игра дома!
СледноСо Вардар почна новата историја на Порто