Русија сака да ја напушти УЕФА и да се пресели во Азиската фудбалска конфедерација!

517

Челниците на Фудбалската федерација на Русија, по санкциите кои УЕФА им ги наметна, размислуваат да ја напуштат оваа фудбалска федерација и да се преселат во Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ).

Се разбира дека ова ќе биде преседан, а се шпекулира дека ова било по препорака на претседателот на државата Владимир Путин, кој бил гневен на некогаш неговиот голем пријател Александер Чеферин, претседателот на УЕФА.

Да потсетиме дека УЕФА ја исклучи Русија од сите свои натшреварувања, особено болна беше елиминацијата од баражот за пласман на СП во Катар.

Путин се надева дека со помош на некои земји, кои тој ги смета за блиски на Русија, ќе нема проблеми да се приклучи на АФЦ.

Па така ако се оди според замислите на Путин, репрезентацијата на Русија ќе игра со репрезентациите од Азија за пласман на некое наредно СП, а клубовите од Русија место со Реал, Барса, Сити, Јунајтед во европските купови, би играле со клубовите од Азија.

Сепак за да се случи вакво нешто потребно е сите земји членки на АФЦ да ја ратификуваат промената што навистина ќе биде тешко.

ПретходноПортугалија слави Мундијал, но ја фали и Македонија
СледноМакедонија како и секогаш е жртва – овојпат на ФИФА!