Едно срце имаме, како да преживееме…!?

161

Неколку часа пред историскиот меч на Македонија и обидот на нашата фудбалска репрезентација да направи ново светско чудо и да се пласира на СП 2022 во Катар. На неколку минути пред стартот на мечот (20:45 ч.), целата нација е со нашите фудбалери. Оние кои имаа сила, финансии и можности се тука во Порто на „Драгао“, но сите останати Македонци ширум светот треперат, некои слават, други пеат а многу и пијат.

Дуелот со Португалија е нов обид во една година да се „убие“ уште еден титан, уште еден гигант по Германија (лани на 31 март) и Италија пред неколку дена (24 март), во Палермо. Таа последна драма, таа експлозија од емоции, среќа, солзи радосници ни поставуваат едно големо прашање. Како да се преживее оваа вечер, овие 90 минути. Едно срце имаме и тоа експлодираше по сензацијата во Палермо и голот на Трајковски во 92 минута и големата победа.

Момци, господе… Знаете дека ние сме чудо кое слави лудо. Ќе најдеме сили, ќе му покажеме на светот што е тоа радост, љубов и емоции. Смао се нека биде како треба. Нека се отвори небото, нека грее сонцето… Само уште овие 90 минути, само уште еден чекор со сонот, до новата сензација и до новата експлозија на Македонија! Одбројуваме… момците се спремни, публиката веќе го полни „Драгао“.

Следи најубавата химна на светот а потоа на теренот и најголемото фудбалско чудо на светот во овие денови…

Сакаме СП, сакаме Катар...

Претходно„Потонавме“ против Фарските острови (ВИДЕО)
Следно„Фалангата“ нестрплива на „Драгао“: Македонија, Македонија…