(ВО ЖИВО) Португалија-Македонија, финале на плеј-оф за пласман на СП 2022

1188

ПОРТУГАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА   2:0
Стрелец: Бруно Фернандеш во 32 и 62 минута
Стадион: „Драгао“ во Порто
Судија: Антони Тејлор од Англија

90 мин. – КРАЈ! ПОРТУГАЛИЈА патува на СП во Катар. Македонија поразена, но горда поради тоа што напиша историја. Стигна на чекор до пласман на Мундијал и за жал не успеа да направи уште еден подвиг. Заврши мечот, следува средување на емоциите па потоа спремање за Лигата на нациите.

90 мин. – Во игра Витиња, фудбалер на Порто кој ги пишува првите минути во дресот на Португалија. Излезе Жоао Мутињо.

86 Мин. – Бобан Николов во игра место Елмас. Кај Португалците влезе Феликс на местото на Бернардо Силва. Излезе и Фернандеш, а влезе Нунеш.

80 мин. – Двајца наши играчи Елмас и Миовски лежат пред противничкиот шеснаесетник и бараат пенал, но Тејлор не свирна ништо. Португалците тргнаа во контра, Фернандеш нафрли пред нашиот гол, а Велковски исфрла во корнер пред Роналдо.

77 мин. – Двојна измена кај Португалците. Рафаел Леао место Жота, а Карваљо на местото на Отавио.

75 мин. – Ашковски влезе во игра на местото на Костадинов.

73 мин. – Нервозна реакција на Алиоски поради жолтиот картон откако беше физички понадмоќен од Отавио и му ја зема топката.

72 мин. – Енис Барди шутна топката заврши во гол-аут.

67 мин. – Се спречкаа Жота и Алиоски, потоа Муслиу и Кансело. Притрчаа неколку португалски и македонски фудбалери по што настана мешаница. Судијата ја реши ситуацијата со жолти картони за Кансело и Муслиу.

 

65 мин. – ГОООЛ за ПОРТУГАЛИЈА. 2-0. Нов контра напад на Португалците, Бруно Фернандеш излегува пред нашиот голман и ја смести топката во мрежата.

59 мин. – Дарко Чурлинов влезе во игра на местото на Трајковски.

58 мин. – Во вториот дел ништо конкретно на двете страни. Португалија доминантна на теренот, но нашата одбрана на висина на задачата.

46 мин. – Бојан Миовски влегува за нашата репрезентација на местото на Милан Ристовски

ПОЛУВРЕМЕ: Грешка на Ристовски, Бруно казни – Македонија мора во офанзива во вториот дел (видео)

45 мин. – Крај на првото полувреме

32 мин. – ГОООЛ ЗА ПОРТУГАЛИЈА. Наша грешка, Португалија казнува. Бруно украде топка и подаде до Роналдо, овој му ја врати топката на 15-тина метри кој го совлада Димитриевски.

23 мин. – Шанса за Португалија. Корнер за Португалија. Диого Жота шутира со глава, но топката минува покрај голот.

18 мин. – Остар старт на Бруно Фернандеш врз Елиф Елмас. Сепак, судијата Тејлор не му покажа жолт картон на асот на Манчестер Јунајтед

13 мин. – Шанса за Португалија! Кристијано Роналдо шутира од косо покрај голот на Столе Димитриевски.

1 мин. – ПОЧНА МЕЧОТ

Вака грмеше македонската химна на „Драгао“ (видео)

Ова е трет меч помеѓу Португалија и Македонија. Едниот е пријателски кој заврши со резултат 0:0 (2012 година) и другиот заврши со победа на Португалија со 1:0 (2002 година).

__________________________________________________________

Официјални состави: Костадинов место Чурлинов, Елмас во нападот…

ПретходноВака грмеше македонската химна на „Драгао“ (видео)
СледноПОЛУВРЕМЕ: Грешка на Ристовски, Бруно казни – Македонија мора во офанзива во вториот дел (видео)