Македонија како и секогаш е жртва – овојпат на ФИФА!

30885

Само нашиот национален тим имаше трнлив, најтрнлив пат до СП! Не успеавме а бевме блиску, поразени во финалето од пресилната Поертугалија. Противникот посилен, но ние иако горди сепак разочарани затоа што имавме шанса која беше историска.

Би сакале да имаме нова ваква прилика во иднина, но тоа е тешко, многу тешко со оглед на тоа дека само 13 селекции од Европа играат на СП.

Македонија низ историјата секогаш е жртва – овојпат на ФИФА!? Зошто!?

Ако и помалите федерации како и Македонија имаат правила за натпреварувања кои гласат дека ако играш дома а обезбедиш следна фаза тогаш и би требало да играш дома ако ривалот со кој ќе се пресметаш претходно играл на свој стадион. Тоа требаше да се случи уште во декември пред ждрепката за баражите. Од сета таа математика само ние изгоревме.

Ја победивме Италија во Португалија а потоа во нов пекол на „Драгао“ со Португалија.

Како ли ќе беше во Скопје!? Ќе беше фер и коректно во стилот на фер-плеј да играме и ние дома. Вака Португалија со два домашни меча лесно си обезбеди пласман на СП.

Тоа не е фер-плеј, не е коректно, но сепак ние сме тие кои не треба да плачеме туку треба гордо да кажеме дека не разочаравме и дека машки се боревме.

ФИФА нека размисли за ваквиоте одлуки. Треба да биде критериумот за сите ист. Па и да загубевме да игравме со Португалија дома – тоа ќе беше убавина за очи и мерак за душа. Не дека разочаравме и во Порто. И тука имаше наша инвазија,но без шанса за доминација во однос на останатите 45.000 домашни навивачи на трибините.

ПретходноРусија сака да ја напушти УЕФА и да се пресели во Азиската фудбалска конфедерација!
СледноЕлмас: Македонија допрва ќе се радува со оваа генерација