Абрамович до докторите: Дали ќе умрам?

809

Веќе е дефинтиивно потврдено дека Роман Абрамович преживеал обид да биде отруен на официјалните преговори за прекин на војната во Украина кои се одржуваат во Истанбул. Информацијата е потврдена сега веќе и од лабораторијата каде што Абрамович заминал за да се утврди со каков отров требало, и бил отруен.

Со оглед на временската дистанца од моментот кога отровот влегол во неговиот организам стручњаците се двоумат помеѓу клоропикрон или пак новичок. За првиот се знае дека е масовно користен за време на првата светска војна.

Докторите пак кои во првиот момент му ја пружиле медицинската помош на Абрамович според медиумите изјавиле дека во тие моменти милијардерот ги запрашал дали ќе умре.

Абрамович и уште неколку членови на преговарачкиот тим беа отруени, а во тие моменти тој го загубил видот, и претрпел оштетувања на неколку органи.

 

ПретходноМакедонија низ статистиката во квалификациите: Блескаа Муслиу и Велковски!
СледноПортугалија слави Мундијал, но ја фали и Македонија