800.000 билети за СП се продадени во првата фаза, најбарани се за премиерниот меч и финалето

119

Фудбалските фанови купиле 804.186 билети за натпреварите на Светското првенство во Катар во првата фаза од продажбата. ФИФА соопшти дека поголем број од билетите биле купени од фанови од Катар, Соединетите Американски Држави, Англија, Мексико, Обединетите Арапски Емирати, Германија, Индија, Бразил, Аргентина и Саудиска Арабија.
Најмногу продадени билети се за премиерниот меч на СП на 21 ноември на кој ќе игра домаќинот Катар, како и финалето на 18 декември. Инаку ждрепката за групите на СП ќе се одржи во петок во Доха.
ФИФА соопшти дека фановите кои не добиле билети во првата фаза од продажбата можат да аплицираат во втората фаза од продажбата.

ПретходноДел од националите се вратија во Скопје, челниците на ФФМ на конгрес во Доха
СледноПандев: На Панчев му е мака што игравме на ЕП и во бараж за СП