Елиминациите во Лигата на шампионите почнаа, денеска се одиграа два меча. Елверум извади реми против ПСЖ на домашен терен, првата осминафинална пресметка заврши 30-30.
Францускиот тим имаше позитива од пет гола (15-20), но домашниот состав успеа да се врати на голема врата По 17-22, Елверум дури и успеа да поведе со 27-26.
До крајот беше неизвесно, на две секунди пред крајот погоди Јохансон ги постави конечните 30-30. Солстад постигна девет гола кај домаќинот, на другата страна Шипжак запиша 12 гола.
На втората средба Фленсбург на првата осминафинална средба славеше со 25-21 против Пик Сегед. Германскиот тим не виде мака, во првиот дел имаше позитива дури од шест гола 13-7, на одморот беше 14-10. Гостите успеа да дојдат на еден гол разлика во продолжението, но не и да приредат пресврт.