ЗАПАД: Силекс едвај, Вардар и Воска „решетаа“…

595

Попладнево се одиграа сите пет мечеви од 21.коло во ВМФЛ – ЗАПАД. Победи на фаворитите, значи разликата остана иста. Сепак Силекс имаше големи проблеми со Охрид, успеа едвај во финишот со голот на Танушев да дојде златни три бода.

Вардар пак успеа со 4:0 да го победи Кадино. Два гола на Петковски, а по еден на Демир и Величковски. Иста таква победа од 4:0 извојува Воска Спорт на свој терен и тоа против Велешта. Анруши си даде автогол, за да потоа Емини, Алиу у Фета ставија печат на високата победа на второпласираниот тим на западот. Беса со 2:0 го совлада Кораби, а Тетекс ос истиот резултат славше против Гостивар.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 21.КОЛО

БЕСА – КОРАБИ 2:0

СИЛЕКС – ОХРИД 1:0

ВОСКА СПОРТ – ВЕЛЕШТА 4:0

ВАРДАР – КАДИНО 4:0

ТЕТЕКС – ГОСТИВАР 2:0

ТАБЕЛА

Силекс 53, Воска 48, Вардар 43, Тетекс 34, Гостивар 26, Беса 25, Кораби 20, Охрид 19, Велешта 17, Кадино 6

ПретходноРаботнички – Струга ТЛ 1:3: Распеани стружани…(ФОТО)
СледноИСТОК: Лидерот со нови три бода, Победа и Беласица ги „уништија“ Братство и ТИМ Локомотива…