Денеска во 15 часот закажани се пет натпревари од 25.коло во ПМФЛ. Вчера Работнички дома загуби од Струга Трим Лум со 1:3, па цехот го плати тренерот Борче Христов кој доби отказ.
Попладнево во Струмица одличните “пандевци“ оваа пролет го дочекуваат тимот на Скопје. “Пандевци“ се во серија од три победи по ред, на шест пролетни меча имаат само еден пораз, а на 22 февруари го победија Скопје со 5:0. Се очекува уште еден добар настап на струмичани кои сакаат продолжување на победничката серија.
Брегалница на стадионот на ФФМ во Скопје ја дочекува Ренова, ќе видиме “сините“ како ќе одиграат против составот на Ќатип Османи. Ова е меч кој би требало да биде најнеизвесен од сите денешни мечеви.
Македонија ЃП не би требало да има проблеми со Пелистер,се игра во Ѓорче и се освен победа на “лавовите“ ќе биде големо изненадување.
Шкупи на Чаир се среќава со Тиквеш, а Шкендија под Шара го дочекува Борец.
ДВОЈКИ ЗА 25.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)
ШКУПИ –ТИКВЕШ
А.ПАНДЕВ – СКОПЈЕ
ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ
МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР
БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА
ВЧЕРА:
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ 1:3
ТАБЕЛА
Шкупи 58, А.Пандев 48, Шкендија 47, Македонија ЃП 43, Ренова 36, Брегалница 36, Струга ТЛ 33, Работнички 31, Скопје 22, Тиквеш 21, Борец 13, Пелистер 10.