Ефектот Нури Сахин: Пред 9 кола беа на дното, сега се борат за Европа!

9992

Екипата на Анталијаспор го совлада Алтај во гости со 2:1 во 31. коло од турската Суперлига со што се најде во позиција да брка излез во Европа до крајот на шампионатот. Тимот бележи само позитивни резултати откако на кормилото седна Нури Сахин. Некогашниот фудбалер на Борусија Дортмунд и на Реал Мадрид, како и турски репрезентативец сега е тренер, а пред девет недели го презема кормилото на Анталијаспор кој тогаш се бореше за опстанок, го држеше 17-тото место на табелата.
Ерсун Јанал ја почна сезоната на клупата на тимот меѓутоа кон крајот на минатата година година доби отказ поради лошите резулати гореспоменатиот пласман на табелата.
Сахин беше фудбалер тогаш, па ја прекина кариерата за да работи како тренер. Клубот тогаш го донесе и Холанѓанецот Алфонс Гронендијк за тренер, но беше прекомандуван во асистент на Сахин.
Тој донесе позитивна енергија во тимот кој почна да победува и да се искачува на табелата. Па така на девет меча под водство на Сахин, забележани се шест победи и три ремија и само три примени гола, со што е направен скок на деветтото место на табелата. Анталијаспор има шанси и за Европа затоа што е оддалечена од тие места само пет бода. До крајот на првенството има уште седум кола.
Во таа серија Анталијаспор ги победи Гиренсун, Сивас и Караѓумрук на домашен терен како и Малатија, Башакшехир и Алтај во гости. Ремизираше со Адана Демирспор, Бешикташ во гости и Газијантеп.

ПретходноСелтик го замолкна “Иброкс“ и ита кон титулата! (ВИДЕО)
СледноПолувреме: Само Брегалница и А. Пандев водат, досуден па поништен пенал на Чаир…