Куманово го доби дербито од долниот дел од табелата во Првата лига со вториот тим на МЗТ Скопје. На гостински терен славеше со 62-70 претпоследното коло од регуларниот дел од сезоната.
Добрата игра во втората четвртина им донесе триумф на кумановци на оваа средба, истата ја добија со 13-23, откако претходно првиот период заврши 20-21.
По одморот со водеше изедначена битка, но МЗТ Скопје не успеа целосно да се врати на оваа средба, токму поради слабата игра во вториот период.
Петровски постигна 19 поени, додека Андоновски три помалку кај домаќинот. На другата страна Марјановиќ имаше 25 поени.