Бројната кошаркарска НБА понуда синоќа донесе и неколку исклучително интересни дуели. Покрај победата на Далас на гостувањето кај Милвоки, одличен меч гледавме и во Клиленд, каде кошаркарите на Филаделфија ги победија Кавс со 112:108 и се пласираа во плеј-офот. Филаделфија ја предводеше Џоел Ембид со 44 поени, 17 скока, пет блокади и три асистенции. Џејмс Харден постигна трипл-дабл од 21 поен, 10 скока и 10 асистенции, а Тобијас Харис и Тајрис Макси додадоа по 11 поени.
Оклахома синоќа го совладаа Феникс со 117:96, со првиот трипл-дабл во НБА лигата на српскиот кошаркар Алексеј Покушевски. Без најдобриот стрелец Девин Букер, Феникс имаше очаен шут за тројка 18,4 отсто (7/38), најлош во сезоната.
Голден Стејт го совлада Сакраменто со 109:90 и го остварија вториот последователен триумф. Вориорс ги предводеа Ендрју Вигинс со 25 поени, пет скока и пет асистенции, Џордан Пул со 22 поени и Немања Бјелица со 19 поени.
Кошаркарите на Мајами со победата на гости кај Торонто со 114:109 го задржаа првото место на Истокот пред плеј-офот. Торонто, пак, го доживеа првиот пораз во последните шест натпревари.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Бостон – Вашингтон – 144:102
Милвоки – Далас – 112:118
ЛА Лејкерс – Денвер – 118:129
Индијана – Детроит – 117:121
Кливленд – Филаделфија – 108:112
Орландо – Њујорк – 88:118
Хјустон – Минесота – 132:139
Оклахома – Феникс – 117:96
Сан Антонио – Портланд – 113:92
Торонто – Мајами – 109:114
Сакраменто – Голден Стејт – 90:109
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс – 119:100










