Алегри крена бело знаме: Немаме шанси за титула, сега ќе се бориме за Топ 4

203

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри по поразот од Интер синоќа изјави дека сега веќе се загубени сите шанси во битката за титулата во Серија А.

„Создадовме многу шанси, шутиравме кон голот, а овој пораз е многу болен. Одигравме многу добро, особено во близина на противничкиот шеснаесетник. Рабио, кој беше критикуван од сите, денеска одигра супер натпревар. Со овој пораз веќе и сигурно испаднавме од шампионската трка, па сега треба да освоиме што повеќе бодови за да завршиме четврти и да се подготвиме што е можно подобро за следната сезона, особено што ги имаме сите услови за ова. Мора да победиме на секој од преостанатите седум натпревари“, порача Алегри.

На прашањето кој е главен фаворит за Скудетото, Алегри вели:

„Отсекогаш сум го сметал Интер за фаворит и сега има добар распоред. Да загубија од нас, тогаш се ќе се сменеше, но оваа победа им даде поголема самодоверба“.

ПретходноКадетите на Бутел се нови државни шампиони
СледноФиникас и Миленкоски загубија во финалето на грчкиот куп