Инзаги одбил нов договор со Интер

295

По синоќешната победа од 1:0 над Јувентус, главниот тренер на Интер, Симоне Инзаги, објави дека одбил да го продолжи актуелниот договор со клубот.

„Ова е голем чекор напред за нас. Ги бркаме Милан и Наполи, знаеме дека во последно време играме нестабилно, но ќе ја намалиме разликата во преостанатите осум натпревари. Не чувствував притисок бидејќи, да бидам искрен, во оваа фаза од сезоната ни оди подобро отколку што очекував во однос на резултатите, игрите и трофеите. Имам двегодишен договор. Клубот веќе ми понуди да го продолжам, но јас побарав да почекаме до крајот на сезоната. Според мене сега договорите не се толку важни“, изјавил Инзаги.

ПретходноФиникас и Миленкоски загубија во финалето на грчкиот куп
СледноДрамите во Челзи никако да завршат: Тухел ќе се разведува!