Е.Пелистер утре на домашен терен го игра реванш мечот против Нексе во рамките на осминафиналето во Европската лига. Битолскиот тим на првата средба беше совладан со три гола разлика (29-26), негатива која им дозволува на ракометарите да сонуваат за долга европска пролет. Салата „Боро Чурлевски“ ќе биде исполнета до последното место, според дозволениот капацитет.
„Се подготвуваме нормално, иако имавме натпревар во саботата. Одигравме агресивно и добро, па победивме. Имавме видео анализа на Нексе, денес ќе имаме тренинг со понизок интензитет, како и утре пред дуелот. Сметам дека екипата на Нексе по еден параметар е меѓу подобрите во Европа, ама не сакам да откријам за што се работи. Ние сме подготвени за реваншот. Периќ не е 100% спремен, се враќа по повредата. Секако дека тој е важен играч, капитен е на тимот ама екипата покажа дека може да победува и без него. Сакам тој секогаш да е тука, но во Еурофарм Пелистер тимот е посилен од поединците“, изјави Жељко Бабиќ.
Мечот меѓу Е.Пелистер и Нексе е закажан со почеток во 18:45 часот.










