Спортскиот директор на тимот на Шахтјор Доњецк, Дарио Срна, објави дека клубот добил официјална дозвола од страна на властите во Украина да ја напушти државата, и да се упати во Турција. Таму клубот ќе продолжи да тренира, а ќе одигра и неколку пријателски средби. Меѓу кои и против тимот на Хајдук, инаку екс клуб на Срна секако, за кој настапува во моментов Јани Атанасов.
Срна додава дека покрај овој пријателски меч закажани се и неколку навистина добри спаринг мечеви меѓу кои се оние против домашните Фенербахче, Бешикташ, но и со ПСЖ, Лацио и Севиља.
Шампионатот во Украина нормално е во прекин, поради воениот конфликт, но ете Шахтјор одлучи да замине во Анталија и да биде во тренажен процес, затоа што тоа во домашни услови во моментов не може да го направи.










