Ветеранките на Гризли Баскет испишаа историја, експресно стигнаа до „елитата“

638

Од Аеродром доаѓа една убава кошаркарска приказна. Во време кога женската кошарка се движи во надолна линија, популарноста е далеку од нивото кога салите беа полни токму за мечевите од Првата лига кај дамите, неколку поранешни кошаркарки и репрезентативки одлучија да се вратат на терените.

Нивната цел беше да им испратат порака на помладите дека и овој спорт е атрактивен, а на остантите да вложуваат максимално во клубовите, само на тој начин можат да сторат нешто повеќе за кошарката.

Упорноста на ветеранките на Гризли Баскет и љубовта кон кошарката им донесе пласман во Првата лига. Токму овие девојки го обезбедија билетот кој носи директно место во женската „елита“. Сезоната ја завршија со 14 победи и само два порази. Тие испишаа историја, како нов формиран тим по само една сезона ќе играат во Прва лига.

Овие некогашни кошаркарки по веќе од 15 години одлучија да се вратат на терените. Идејата да бидат дел од Првата Б лига тргна од баскет дружба минатото лето.

Сања Богоески и Сања Костова, две поранешни репрезентативки се основачи на Гризли Баскет. Првичниот договор беше своето искуство да им го пренесат на помладите, веќе имаат свое школо за кошарка, кое функционира одлично.

На почетокот велат било тешко, бидејќи на сите девојки им било потребно време да се вратат во формата која е потребна за да се победува и во Прва Б лига, каде исто така има добри екипи. Нивното искуство и трпение, на крајот вроди плод, сега имаат статус на прволигаши.

ПРОТИВ БАДЕЛ ВО ПЛЕЈ-ОФОТ

Како првопласирана во групата „Б“, екипата на Гризли обезбеди директен пласман во групата „А“ за наредната натпреварувачка сезона 2022/2023, и продолжи да се натпреварува во плеј-офот. Во четвртфиналето за противник ќе го има составот на Бадел 1862 кој заврши на првата позиција на табелата

Термини за одигрување на четвртфиналните серии се 16, 20 и 27.април. Полуфиналето почнува на 30.април, ќе се игра и на 4 мај, евентуално и на 7 мај.

ПретходноГранатиран тренинг – комплексот на Шахтјар! (ФОТО)
СледноСабате одбра за бараж мечот со Македонија