Сабате одбра за бараж мечот со Македонија

250

Селекторот на Чешка, Хавиер Сабате го објави спискот за бараж дуелот со македонската ракометна репрезентација за место на Светското првенство следната година.

Предводникот на чешкиот национален тим одбра 21 ракометар, меѓу нив се најдоа голманот Мрква, крилата Чип и Хрстка, бековите Бабак и Кашпарек. Во тимот го нема Роман Бечвар, еден од клучните играчи, кој игра среден и лев бек, како и десното крило Мирослав Јурка.

Првиот дуел со Чешка, Кирил Лазаров и неговите избраници го играат на 13. овој месец во Злин, реваншот е закажан за 17. април во Скопје.

ПретходноВетеранките на Гризли Баскет испишаа историја, експресно стигнаа до „елитата“
СледноСинот на Диего Симеоне стана легенда во Серија А